227
Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека неговата земја и продава борбени беспилотни летала на Украина без предуслови и дека договорот не е насочен против Русија.
„Продаваме дронови на секој што ќе ги побара, немаме никакви предуслови. Договорот со Украина не е насочен против Русија. Ако на Русија и требаат нашите производи, исто како што го купивме С-400 од неа, така и ќе и ги продаваме нашите производи. За среќа, ние сме земја што има добро производство, имаме што да продадеме“, изјави Чавушоглу за телевизијата „Хабертурк“.
Прес-службата на водечкиот производител на турски беспилотни летала „Бајкар“ објави претходно дека Украина веќе купила турски ударни беспилотни летала „Бајрактар“.