Чавушоглу: Трилатералната средба со Шведска и Финска е бесмислена

од Vladimir Zorba

Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека трилатералната средба на Турција, Шведска и Финска за нивната желба за влез во НАТО е беспредметна по јануарските протести во Стокхолм.

„Не постои понуда барањата за членство на Шведска и Финска во нато да се разгледуваат независно“, рече Чавушоглу на прес-конференција, пренесува Ројтерс.

Во јануари во Стокхолм се одржаа неколку прокурдски протести на кои беше изразено несогласување со соработката меѓу Шведска и Турција, а на еден од нив беше обесена куклата што го претставува претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Слични содржини