Кралот Чарлс во Белата куќа ја нагласи важноста на НАТО

Британскиот крал Чарлс III го истакна значењето на трансатлантскиот сојуз и улогата на НАТО за време на државната вечера во Белата куќа

од Кристијан Димков
11 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/AP

Обраќајќи им се на гостите, кралот ја нагласи историската соработка меѓу Соединетите Американски Држави и Обединетото Кралство, особено преку основањето на НАТО во 1949 година, истакнувајќи дека двете земји дејствувале заедно во „најтешките моменти“ на модерното доба, пренесе „Фокс њуз“.

Тој потсети и на улогата на САД во обновата на Европа по Втората светска војна, како и на потребата сојузниците да останат обединети во моментот кога безбедноста на Европа е повторно загрозена со војната во Украина.