Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу најави дека Анкара ќе мора да се приклучи на санкциите против Русија доколку тие бидат одобрени од ОН.
„Турција го почитува меѓународното право, ќе водиме урамнотежена политика. Доколку ОН воведат санкции кон Русија, Турција ќе биде принудена да им се придружи“, рече Чавушоглу во денешното интервју за рускиот канал „НТВ“.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави претходно овој месец дека Анкара нема да се приклучи на санкциите што САД и ЕУ ги воведоа кон Русија поради актуелната ситуација во Украина.