Чавушоглу: ЕУ мора да работи со Турција за стабилноста на регионот и пошироко

од Vladimir Zorba
225 прегледи

Европската унија (ЕУ) мора да работи со Турција за стабилноста на регионот и пошироко, изјави во четвртокот турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, јавува „AA“.

Шефот на турската дипломатија на Твитер објави дека се сретнал со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел на маргините на 76. сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Турскиот министер напиша дека разговарал со високиот претставник на ЕУ за ситуацијата во Авганистан, Источниот Медитеран и односите со Унијата.

Борел изрази задоволство од средбата со Чавушоглу.

– Разговаравме за односите меѓу ЕУ и Турција, кипарското прашање, ситуацијата во источниот Медитеран и Авганистан. Блиската соработка и координација се клучни – рече шефот на европската дипломатија.

Слични содржини