Чеченска комедија: Најдобриот пријател на Путин тврди – Зборував со Дедо Мраз!

од desk2
80 прегледи

Првиот човек на Чеченија и еден од најдобрите пријатели на рускиот претседател Владимир Путин, Рамзан Кадиров ја изнасмеа цела Русија со својата изјава дека лично зборувал со Дедо Мраз.


Чеченскиот лидер Кадиров изјави дека Дедо Мраз лично му се јавил за да го повика во посета на неговата родна Лапонија, а тој возвратил со тоа што го повикал да дојде во посета на Чеченија.

„Воодушевен сум, ме поддржа главниот волшебник во Русија – Дедо Мраз, кој ги повика сите Руси да ја дочекаат Новата година во својата татковина“, изјави Рамзан Кадиров.

Тој порача дека и Дедо Мраз го повикал да ја посети неговата резиденција и ја изнасмеа цела Русија.

„Уште од моето детство сонувам да го посетам тоа место, но за жал сум немал шанса за тоа. Сега пораснав, јас си имам сопствена резиденција, а за Нова година ќе ја превземам улогата на Дедо Мраз за да им ги честитам празниците на децата и возрасните“, изјави чеченскиот лидер.