450
Украинската одбранбена разузнавачка служба објави видео на кое се гледаат чеченски доброволци, како се борат на страната на вооружените сили на Украина, во заседа на камион на руската армија.
Чеченската единица поставила заседа на руска територија, на патот меѓу украинската граница и селото Середа во Белгородската област.
На видеото се гледа нападот на рускиот воен камион „Урал“ при кој загинаа голем број руски војници.
Руските канали наведуваат дека се работи за двајца војници кои биле во кабината на камионот.
Ова е доказ дека упадите на руска територија се уште траат, но досега тоа не биле чеченски единици, туку руски доброволни сили кои се борат на страната на Украина.