Чеченци: Водиме џихад во Украина, ќе војуваме до Берлин

од Nikola Popovski

Претседателот на чеченскиот парламент, Магомед Даудов, изјави пред новинарите дека чеченските борци во Украина првенствено водат џихад за одбрана на исламот. Даудов вели дека доколку Путин не ги спречи, ќе продолжат додека не стигнат до Берлин.

„Ако даде Господ, нема сомнеж дека ќе ги освоиме Доњецк, Миколајев, Херсон, Одеса. Се додека Владимир Путин не нѐ сопре, ако даде Господ, ќе војуваме до Берлин. Ќе победиме, нема сомнеж“, им рекол тој на новинарите.

„Кадиров игра голема улога во џихадот“

Додека Кремљ тврди дека Русија ја започнала инвазијата за да ја „денацифицира“ Украина, чеченскиот спикер вели дека нивните војници се борат за својата вера и ги штитат нивните вредности.

„Претседателот Владимир Путин, денес Рамзан Кадиров, нашите браќа го бранат исламот, тоа е првото и најважно. Тие ги бранат нашите вредности. Тие го бранат величеството на севишниот. Рамзан Кадиров, лидерот на Чеченија, игра голема улога во овој џихад, како и сите команданти под негово раководство. Ова е пред сè поради вербата во семоќниот, поради нашите духовни вредности и нашиот јазик“, порачал Даудов.

Слични содржини