Џани Инфантино, претседателот на ФИФА и лидерите на таа организација се во Доха, каде што се спроведува дел од неговата студија за тоа колку е изводливо и практично да се одржува Светското првенство на секои две години.
Идејата на Инфантино има многу противници, вклучително и членови на Европската фудбалска организација и Меѓународниот олимписки комитет. Александар Чеферин, претседателот на УЕФА, исто така, даде свое мислење и се закани дека селекциите од Европа и Јужна Америка можат да го бојкотираат евентуалното Светско првенство на секои две години.
– Светското првенство на секои две години може да го убие, вели Словенецот за „Тајмс“, а потоа ги критикуваше водечките луѓе на ФИФА, кои ги искажаа своите намери, без претходни консултации со Европската куќа на фудбалот.
Во моментов, Меѓународната фудбалска федерација проучува можен нов формат на барање на Фудбалската федерација на Саудиска Арабија.
Во исто време, Унијата на европските фудбалски федерации се спротивстави:
– Фудбалските асоцијации на Европа се противат на ваквите планови, кои би предизвикале огромна штета на домашните шампионати, кои се темел на фудбалската индустрија. Новите натпревари, обновени или проширени на клупско и национално ниво, не се решение за тековните проблеми на нашата игра во веќе пренатрупаниот календар, пишува организацијата.
Фото: