Чеферин ја призна грешката во врска со Европското првенство

од Nikola Popovski
344 прегледи

Останува да се играат финалето на Европското првенство во фудбал, а УЕФА веќе зазеде став дека ваков турнир никогаш повеќе нема да се повтори.

ЕУРО 2020 во 12 градови се покажа како исклучително комплицирана идеја во однос на организацијата, па Чеферин истакна дека никогаш повеќе нема да видиме ваков систем.

„Таквиот систем не е фер затоа што некои репрезентации поминуваат 10.000 километри, а некои околу 1.000. Тоа не е во ред ниту поради навивачите. Никогаш повеќе нема да ја поддржам оваа идеја“, рече Чеферин.

Како пример ги зеде натпреварите од групата А и времето што навивачот треба да го помине за да ја гледа својата селекција.

„Некои навивачи треба да бидат во Рим, а потоа и во Баку во следните неколку дена. Летот  трае четири и пол часа. Идејата е интересна, но тешко е да се реализира“, потенцира Чеферин.

Слични содржини