Првиот човек на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Александар Чеферин, во разговор за „Спортклуб“ изјави дека наскоро е можно формирање на регионална Балканска лига, но тој навистина не гледа никакви изгледи за тоа натпреварување
– Многу зборуваме за тоа. Малите лиги во малите држави не создаваат доволно пари за да ги направат клубовите конкурентни. Но, тука има неколку проблеми. Ако, на пример, во Србија, Звезда и Партизан играат меѓународна лига, а другите клубови останат во домашната лига, тоа ќе нанесе голема штета на српската лига. Друг проблем е пласман во европски натпреварувања. Сега, клубовите се пласираат во Европа врз основа на резултатите во домашната лига. Ако имаме и регионална и национална лига, тогаш се појавува проблем. Третиот проблем е безбедносната состојба, тоа добро го знаеме во оваа наша област, рече Чеферин.