Претседателот на Европската фудбалска федерација добил барање од владите на 35 земји.
Првиот човек на УЕФА е соочен со нова иницијатива на властите на Велика Британија, Франција, Германија… а причина се функционерите на чело на организациите од Русија и Белорусија.
Клубовите од тие две земји добија забрана за учество на континенталните натпреварувања до понатамошно известување, забраната важи и за нивните репрезентации, но затоа спортските работници се уште се на своите позиции во Нион.
Ова пред се се однесува на Александар Дјуков, руски бизнисмен кој е и претседател на Управниот одбор на компанијата „Гаспром нефт“, претседател на фудбалскиот клуб Зенит и прв човек на Руската фудбалска федерација.
Покрај Дјуков, фотелјите и платите во УЕФА ги заземаат и поранешните членови на КГБ Олег Дерипаска и Сегеј Приадкин, но предлагачите на споменатата иницијатива се залагаат за проширување на санкциите на сите 22 претставници на Белорусија и Русија во УЕФА.
Секако, споменатото барање го поддржа Украина, која во истата прилика се пожали дека на нејзина територија се уништени 100 спортски објекти.