Чеферин со сите сили ќе се бори против богатите во Европа

од Vladimir Zorba
273 прегледи

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин ќе се бори со сите сили за да го поврати балансот во европскиот клупски фудбал, изјави тој пред годинешниот конгрес на европската централа на фудбалот.

Но, тој рече дека не може да ветува враќање во деновите кога источно-европските тимови би можеле да сонуваат за освојување на Лигата на шампионите.

Европскиот клубски фудбал станува се подоминиран од неколку елитни клубови.

„Треба да се осмелиме да ги преиспитаме нашите модели, особено да создадеме поголем конкурентен баланс, еден од најголемите предизвици со кои се соочува иднината и присуството на фудбалот“, вели Чеферин.

„Клупското натпреварување уште бара сериозно внимание. Треба да сонуваш, но не можам да ви ја ветам месечината, бидејќи не сум трговец на соништа и не сум политичар“.

„Ќе се борам со сите сили, за да воведеме мерки кои треба да го обноват балансот, но не можам да тврдам дека тоа ќе доведе до тоа клубови како Стеауа Букурешт или Црвена Ѕвезда повторно да бидат врежани на трофејот од Лигата на Шампионите“, додаде уште Словенецот.

Слични содржини