Чеферин: Тие што сакаат Суперлига му копаат гроб на фудбалот

од Vladimir Zorba
198 прегледи

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин уште еднаш критикуваше за креаторите и поддржувачите на Суперлигата. Тој изјави дека поборниците на идејата „копаат гроб на играта додека се претставуваат како нејзини спасители“.

Промотерската компанија „А22 спорт менаџмент“ се обиде во различни форми да го создаде натпреварувањето од 2021 година, но наиде на решителен отпор од навивачите, што доведе до одбивање на речиси сите европски гиганти. Само Барселона и Реал Мадрид продолжуваат да стојат зад проектот.

„Фудбалот е една од ретките работи во кои Европа е лидер. Треба да бидеме горди. Овој успех се заснова на единствениот модел, на солидарност, на подеми и падови на класата. Треба да го заштитиме овој модел. Сите, не само УЕФА. Има и такви кои се обидуваат да го згазат ова. Се преправаат дека се спасители, но во реалноста копаат гробови. Тие се предатори. Сето ова го планираат од желба да добијат повеќе пари, капитал, моќ и престиж. Чувство на алчност и супериорност. Тие секогаш сакаат повеќе и повеќе. Супер лигата е како јаболкото на Снежана. Не можете да купите соништа или спортски дух. Историјата не се купува“, изјави Чеферин, цитиран од „Marca“.

Во 2021 година, неколку европски клубови најавија создавање на Супер лига. Лансирањето на проектот беше замрзнато по заканите од УЕФА и ФИФА. На 21 декември, Европскиот суд ги прогласи за незаконски активностите на ФИФА и УЕФА да го блокираат создавањето на нов турнир.

Слични содржини