Претседателот на Европската фудбалска федерација Александар Чеферин зборуваше за можна промена на форматот на финалето од Лигата на шампионите.
Се поизвесно е дека наместо во полуфинале, елитното европско натпреварување би можело да добие „фајналфор“ турнир.
„Сè уште не сме разговарале за тоа поради пандемијата што го обзема нашиот секојдневен фокус, но мислам дека би било одлично. Би било поконкурентно и поинтересно за навивачите. Разговарав за тоа со претседателите на некои клубови како Ал- Келаифи и тие се согласуваат“, рече Чеферин.
„Тоа е можно, но најрано во сезоната 2024/25. Се сомневам дека тоа би можело да се направи толку брзо“.
Чеферин повтори дека е против одржување на Светското првенство на секои две години.
„Тоа е популистички проект кој би го уништил фудбалот. Тоа е спротивно на сите принципи на нашиот спорт, вклучително и Олимписките игри. Неверојатно е што фудбалската организација може да им предложи на нивните играчи, покрај и онака тешкиот распоред, да играат секое лето турнир кој трае еден месец. Заедно со Јужна Америка рековме дека нема да успее. Без нас тоа нема да биде Светско првенство“, истакна Чеферин.