Чеферин за Суперлигата: Разгалени деца не можат да ме дестабилизираат

од Vladimir Zorba
306 прегледи

Претходните денови имаше многу интервјуа и изјави како на Флорентино Перез, претседателот на новопромовираната, а потоа многу бргу „згаснатата“ Суперлига, така и на противтежата – првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин. Бидејќи претседателот на чадорската организација на европскиот фудбал доаѓа од Словенија како една од поранешните републики на СФРЈ, војната на овие простори не го одмина. Како што вели, од таму собрал огромно искуство, што му донело корист во фудбалската војна што ја потресе цела Европа и светот на почетокот на оваа недела.

Тој не отстапи од оние кои сакаа да се наметнат како фудбалска олигархија и да го отуѓат најважното споредно нешто на светот, но организацијата што ја предводи успеа, барем засега, да објави победа. Преку разни механизми, УЕФА започна контра-офанзива на бојното поле, а чекорите преземени од самиот Чеферин се инкарнација на искуството стекнато три децении порано.

„Седев на терасата со моето семејство кога дојде еден човек и ми рече дека треба да одам во војна. Бев шокиран … Сето тоа траеше десет дена, но тоа беа денови на целосна напнатост. Имаше големи закани, бомби … Целото искуство од тоа ви помага да преживеете во ситуации кога некои луѓе се обидуваат да ве дестабилизираат“, се сеќава Чеферин во интервју за АП.

Секако, неговите зборови се однесуваат на обидот на 12 европски великани, членови на топ пет лигите, да ја формираат европската Супер лига.

„Тоа е нешто како војна, исто стресно, со иста напнатост. Сепак, разгалените деца не можат да ме дестабилизираат“, вели Словенецот.

Првите аларми кај Чеферин започнале да се вклучуваат пред осум дена. Во саботата, првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели, не одговорал на повиците, што предизвикало сомнеж кај претседателот на УЕФА, што било потврдено многу брзо.

„Тогаш сфатив дека тоа е чисто предавство и дека некои луѓе ме лажеа со години. Не знаев што точно ќе се случи во следните неколку дена, но клубовите почнаа да се јавуваат и да им велат дека им е жал, но дека мораат да истапат – три или четири “.

На Балканот, кумот честопати може да биде метафора за предавство, што се случи во случајот на Чеферин – Ањели.

„Ние веќе немаме никаква врска. Нема ни да имаме. Ќе продолжам да им верувам на луѓето, се разбира. Оние на кои им верував целосно не ме предадоа, никој друг освен Ањели. Во другите се сомневав цело време “.

Членовите на англиската голема шестка први ја започнаа лавината повлекувања, Атлетико Мадрид, односно Интер исто така го откажаа учеството, додека Реал Мадрид, Барселона, Јуветус и Милан се уште официјално во приказната.

„Ова се клубови кои треба да одлучат дали се во Суперлигата или во рамките на УЕФА. Ако тие се во Суперлигата, тогаш тие не играат во Лигата на шампионите. Сепак, мислам дека Суперлигата е мртва. Ако некогаш се случи, веројатно нема да бидам тогаш во фудбалот“, заклучи Чеферин.

Слични содржини