Чеферин задоволен на крајот од годината: „Најголемата победа е што нема Суперлига“

од Vladimir Zorba
290 прегледи

Претседателот на УЕФА Александар Чеферин го запре основањето на Европската Суперлига. На крајот успеа да го спречи формирањето на ова натпреварување, а во изјавата за крајот на годината смета дека ова е неговата најголема победа годинава.

Но, случајот е пред правосудните органи и се чека неговиот епилог. Иако повеќето клубови се повлекоа од проектот, некои се уште се обидуваат да ја протуркаат идејата.

– Крајот на Суперлигата, предводено од политичка и јавна осуда на цела Европа, е нашата најголема победа во 2021 година. Обидот да се создаде затворено натпреварување, чија единствена цел беше да се надополнат банкарските сметки на одредени клубови, ги загрози вредностите на европскиот спортски модел и мисијата на УЕФА – вели Чеферин во својата годишна порака.

Тој вели дека е голема работа што се организираа седум натпревари за време на пандемијата на коронавирусот и што е постигнат напредок и во машкиот и во женскиот фудбал. Тој најави дека паметно ќе се искористат приходите од ЕП.

– Во циклусот 2020/24 година во фудбалската пирамида ќе бидат распределени 775,5 милиони евра приходи од Еуро 2020. Желбата за отворено натпреварување придонесе за формирање на Лигата на конференции. Сега, место во најмалку едно натпреварување на УЕФА по сезона е загарантирано за сите 55 членки на Федерацијата – заврши Словенецот.

Слични содржини