Голманот на Арсенал, Петар Чех се надева дека ќе ја заврши славната кариера на најдобар можен
начин, додавајќи го трофејот од Лига Европа.

Повод за оптимизам во него и неговите соиграчи додаде и победата со 2:0 над Наполи доцна
синоќа, откако на тој начин „топџиите“ зедоа добра предност против еден од тимовите, сметан за
фаворит за трофејот.
„Би сакал да се повлечам со трофеј во рацете. Тоа ќе биде најдобар можен крај за мене и ќе биде
фантастично достигнување за клубот. Лига Европа го крева нивото секоја година и секој сака да
победи сега, бидејќи со тоа се резервира место за Лигата на шампионите следната сезона и исто
така имате трофеј во рацете. Имаме предност од 2:0, но се уште сме свесни дека ќе биде тешко
таму. Тие се силен тим и играат многу добро досега во оваа сезона“, изјави Чех.