Или бетонирано, на 5 Јуни избори, а со тоа  Груевски и Ахмети ќе останат пајташи кои ја  крчмат Македонија  и парите на граѓаните до крај или Ахмети сепак ќе застане зад интересите и послушноста на Албанците кон странците и кон рехабилитација на веќе потонатото ДУИ.ахметик

Првото значи дека Ахмети  останува доследен на парите, тендер- коалицијата и заштита на бизнисте на неговите, а изборите, сами по себе, со вака непрочистен избирачки список можат да му гарантираат успех многу повеќе отколку реално да се соочи со гласачите. Победничката приказна преку користење на овој избирачкиот систем  со кој секогаш добива власта, може да купи време за покривање на злоупотребите и криминалите на политиката и на бизнисот, и заштита од сите идни разврски  и истраги на СЈО. Тоа и не е така малку за Ахмети и тендер тајфата. Тоа не е само политика и власт, тоа се и многу пари и профит. Не е исклучено сценарио со малку сидири, некоја жртва, малку огин и ќе помине нели, во име на актуелниот „патриотизам“.

Втората, посакуваната од многумина, е дека Ахмети ќе остане доследен до оние што ги создадоа, и кои од криминалци и терористи ги вдомија и изгладија како умерени политичари, и тие како Албанци со „беса“, кој пак политичарите одамна ја згазија, ќе бидат послушни и ќе го испорачаат тоа што од нив се бара. Средување на системот, па потоа избори. Меѓународната заедница одамна сигнализира дека реформирањето по Пржинскиот договор доцни, поради тоа веројатноста за одлагањето е повеќе од сигурна. ДУИ тука може машки да одигра за да си ги испере гревовите со Груевски- нема распуштање на парламентот, нова техничка влада засилена со уште повеќе експерти. Тоа е легитимната цел за сигурна иднина за сите граѓани на Македонија. Другото е тендер бизнис и гмечење на граѓаните кои се повеќе бегаат и се исселуваат.

Што ќе испорача Али Ахмети ќе знаеме до понеделник.!

Во меѓувреме едно е сигурно Пржинскиот договор е само добра рамка, но, тоа малку  реализираното нема никакво значење за главната цел- услови за кредибилни и фер избори, на кои рамноправно ќе учествуваат сите, и ќе победи гласот на освестениот граѓанин, а не парите, лагата, пропагандата и медиумските малверзации на криминалните газди, притисоците и себичноста и стравот на партиските војски и  заплашените  граѓани .

Повеќе од сигурно е дека  ништо не е средено со Пржинскиот договор, сите процеси само се почнати и ниту еден не е довршен.

Ниту е пречистен избирачкиот список, ниту се избришани вишокот гласачи од Избирачкиот список, ниту државните инситуции се раздвоија од паритизираноста и приватизираноста на дражавата од поединците од ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, ниту Груевски престана да биде премиер на  министрите, заменските министри  секојдневно се со сопки и подметнувања, за власта работи и парламентот и обвинителството и Уставниот суд  кој самиот си се погази. Судиите се покажаа дека се режимски и се голи извршителите на политиката,  најмалку на правото  и никако на правдата. За СЈО кое требаше да расчистува има само добри намери,  а во големите ТВ и најгледаните медиумите има главно чиста манипулација и главно чиста лага, нема вистинити иформации- нема информирање!

Меѓународната заедница деновиве ќе го каже својот став. Иако од ЕУ нема никакви големи очекувања, тие се покажаа дека немаат капацитет за издржаност и праведност. Имаат само дволичност и форма без суштина. Хан  се провикна од Албанија порачувајќи избори да има, но веќе научивме, се сеќаваме дека тоа истото го кажаа  и Брисел и ЕУ и за името- терајте сменете го, па чиста среќа што Американците го сопреа тој процес, и  не признаа под уставното име и проблемот со името го префрлија во ОН.   Се уште го решаваме. Не е решено ама не е ниту изгубено.

Веројатно така ќе биде и сега. Повторно Американците ќе мора да  и шепнат на Европа и дволичниот  Брисел, кој сега поставува огради и се дави меѓу тероризмот на ИД, меѓу Русија, Украина, Турција и балканската блокирана патека за  мигрантите, дека Македонија не е за поткусурување и тренинг за однапред лузерскиот пристап на европските бирократи.

Тоа, веројатно, ќе  му го кажат и на политичарот во обид Али Ахмети, кој кажаното ќе го научи наизуст, и ќе го соопшти како свое.

Излезот  за Македонија дефинитивно не е  во датумот на изборите. Излезот е во процесот на прочистување на општеството, во одговорноста на секој поединец, демонтирање на овој корумпиран криминален систем, прочистување на институциите, информирање на јавноста и граѓаните, стратешки долгорочни политики и програми, критериуми на вредност,  образование, демократски пристап и  експертско – техничка влада  во мешан состав, за  да го донесе општество и Македонија на ниво на кое и прапаѓа и заслужува. Една  ли година, две ли,  сосем небитно – битно е средувањето, враќање на довербата во институциите, верба  и заштита на државните интереси. Се  е тоа за сите нас, држава на сите граѓани, не на поединци и мафијашки банди во политиката и партиите. Мора да ја спасиме, мора да застанеме сите – Се за Македонија!

Е тогаш сакам да се чуе, сите да се провикнат- Ајде на ИЗБОРИ!

Ад

 

Слични содржини