14
Лиам Делап денес ќе помине медицински прегледи во Челси, пред официјално да се потврди неговиот трансфер од Ипсвич.
Се вели дека Делап веќе поминал медицински прегледи, надвор од клубот, пред да потпише договор што ќе важи до 2031 година.
Манчестер Јунајтед, Евертон, Њукасл и Нотингем Форест покажаа интерес за Делап.
„Сините“ ја активираа клаузулата за ослободување од 35 милиони евра и сакаат брзо да го завршат договорот, за да може Делап да биде регистриран пред тимот да се упати на Светското клупско првенство.
22-годишниот напаѓач постигна 12 гола во Чемпионшип минатата сезона и беше еден од најдобрите поединци на Ипсвич, привлекувајќи го вниманието на бројни клубови од Премиер лигата.