Челси го објави своето деветто ново засилување

од Vladimir Zorba
39 прегледи

Челси го објави трансферот на 19-годишниот дефанзивец Арон Анселмино. Аргентинскиот талент е потпишан од Бока Јуниорс за 15,6 милиони фунти. Тој потпиша седумгодишен договор со лондончани, но ќе остане на позајмица во неговиот сегашен клуб до крајот на сезоната.

Анселмино е централен дефанзивец, но може да игра и во средниот ред. Тој се проби во првиот тим на Бока во летото 2023 година, со 10 настапи и еден гол досега. Во јануари тој потпиша нов договор со клубот до 2028 година.

Аргентинецот е деветтото ново засилување на Челси ова лето, по Кирнан Девсбери Хол, Марк Гиу, Омари Келиман, Тосин Адарабијо, Ренато Веига, Калеб Вајли, Естевао Вилијан и Филип Јоргенсен. Лондончани многу брзо треба да го објават и Саму Омородион од Атлетико Мадрид.

Слични содржини