183
Фудбалерите на Челси го совладаа Лестер со резултат 3:0 во првиот натпревар од 12. коло на англиската Премиер лига.
„Сините“ веќе во првото полувреме го решија прашањето на победникот, бидејќи на пауза заминаа со два гола предност.
Податокот кој ја покажува доминацијата на „сините“ е дека Лестер во првото полувреме не упати шут кон голот на Менди.
„Лисиците“ веќе три натпревари не знаат за победа, додека Челси последен пат загуби во Премиер лигата во септември.
Со оваа победа тимот од Лондон, со натпревар повеќе, му побегна на Манчестер Сити на шест бода, додека Лестер е на 12. позиција со 15 бодови.