Одличните игри на Вест Хем оваа сезона ги воодушевија фудбалските фанови ширум планетата. Тимот на Дејвид Мојс игра многу добро и се бори за место кое води во Европа следната сезона.
Најголемата ѕвезда на тимот и стандарден репрезентативец на Англија Деклан Рајс е клучен играч на „Чеканите“.
Клубот од Лондон одбива да го продаде, но јасно е дека Рајс порано или подоцна ќе го напушти „Аптон Парк“ и ќе заигра во еден од најголемите англиски клубови.
Менаџерот на Вест Хем, Дејвид Мојс изјави дека Рајс во моментов чини 100 милиони фунти и дека не планираат да преговараат со клубови кои не се подготвени да одвојат толку пари за него.
За Челси и Манчестер Јунајтед цифрата од 100 милиони не е недостижна, па двата клуба покажуваат голем интерес да го доведат одличниот играч за врска во своите редови.
Рајс има 23 години, а целата кариера ја помина во Вест Хем и е подготвен за нов предизвик.