Челси и Пари Сен Жермен имаат реални планови да се обидат да го ангажираат Роберт Левандовски доколку пропадне трансферот на напаѓачот во Барселона.
Пред неколку дена претседателот на Каталонците, Жоан Лапорта откри дека се уште чека одговор од Баерн (Минхен) за конечната понуда на „блаугранас“ за Полјакот. Понудата, која е трета по ред, изнесуваше 40 милиони евра плус уште пет милиони во вид на бонуси. Баерн сака минимум 50 милиони.
Според Кристијан Фалк од „Билд“, Челси и ПСЖ чекаат да видат каков е одговорот на Баварците, а доколку биде негативен и Барселона не даде нови понуди, тие ќе влезат во наддавање.
Левандовски за два дена треба да започне со тренинзи за Баерн. Сепак, се шпекулира дека тој нема да го стори тоа за да изнуди преселба на „Камп Ноу“.