Челси и Манчестер Сити подготвуваат документација со која се бара повлекување од новонајавената Суперлига. Ова е реакцијата на клубовите за која пишува Би-Би-Си по протестите на навивачите кои изразија незадоволство од влезот на клубовите во групата на основачи на новото натпреварување. Според некои англиски медиуми, и Манчестер јунајтед ќе го стори истото, а некои шпански медиуми пишуваат дека истата одлука ја донел и Атлетико Мадрид.
The moment Chelsea fans heard the alleged reports that the club is preparing to withdraw from the European Super League …
(via @oliver_todd)pic.twitter.com/pDemLspHCi
— ESPN FC (@ESPNFC) April 20, 2021
Да потсетиме, пред само два дена, околу полноќ во недела спрема понеделник, дванаесетте најважни европски фудбалски клубови објавија дека постигнале договор за формирање на ново натпреварување – Суперлига. Тоа се Реал Мадрид, Милан, Арсенал, Атлетико Мадрид, Челси, Барселона, Интер, Јувентус, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Тотенхем.
Во Суперлигата, која ќе биде директна конкуренција на Лигата на шампионите на УЕФА, ќе играат 20 клуба. Покрај 15-те основачки клубови (се чека името на уште три клуба), ќе учествуваат уште пет клуба врз основа на резултатите. Сите натпревари ќе се играат во текот на неделата, така што овие клубови ќе продолжат да се натпреваруваат во националните лиги – ако лигите не ги суспендираат поради овој потег.
Chelsea fans react to the news they're leaving the European Super League #mulive [@TheEuropeanLad] pic.twitter.com/9NsogXIl4d
— utdreport (@utdreport) April 20, 2021
Тоа беше идеја што веднаш наиде на осуда за фудбалскиот врв, но и добар дел од јавноста на која тоа не и се допадна. Дел е пред „Стемфорд Бриџ“ и го принудува клубот да се предомисли. Ова е момент на ентузијазам со кој е дочекана информацијата дека Челси нема да игра во Суперлигата.