207
Весли Фофана ќе стане нов член на Челси, откако Лестер конечно ја прифатил понудата на „сините“.
Фабрицио Романо потврди дека се е готово и дека Челси ќе плати околу 75 милиони фунти, што е околу 85 милиони евра.
Фофана дојде до израз откако Томас Тухел не успеа да ги придобие Матијс де Лихт и Жил Кунде, па Челаи мораше да „истури“ пари за да го доведе стоперот од Лестер.
Фофана ќе биде третото засилување за одбраната на лондончани, по Калиду Кулибали и Марко Кукуреља за кои Челси потроши 75 и 40 милиони евра. Во превод, со Фофана, сините ќе комплетираат трошоци од 200 милиони евра за реконструкција на одбраната.
Французинот има договор до 2028 година, а се очекува да се приклучи на новиот тим од понеделник.