Челси ја следи ситуацијата околу капитенот на Милан

од Vladimir Zorba

Челзи „ја следи“ ситуацијата околу капитенот на Милан, Алесио Ромањоли, пишува печатот во Англија.

„Сините“ се принудени да бараат сериозна поддршка во одбраната, бидејќи на лето се очекува „Стемфорд Бриџ“ да го напушти Антонио Рудигер, за кој се вели дека веќе се договорил со Реал Мадрид, како и Андреас Кристенсен, за кој се верува дека веќе има договор со Барселона. Договор до крајот на сезоната има и капитенот Цезар Аспиликуета, а Барселона го бара Маркос Алонсо.

Токму поради сето тоа Челси ќе бара опции за засилување на одбраната, а за соодветна опција се смета Ромањоли.

Неговиот договор со „росонерите“ истекува, а тој засега не добил предлог за нов договор.

Интерес за Ромањоли има и од Севиља, како и од Баерн (Минхен) и Борусија (Дортмунд).

Слични содржини