19
Раководството на Челси започна преговори со своите колеги од Манчестер Јунајтед за крилниот напаѓач Алехандро Гарначо, тврди „Атлетик“.
Аргентинецот се мачи по доаѓањето на Рубен Аморим на „Олд Трафорд“, неколку пати беше изоставен од стартната постава, а неговата минутажа значително опадна.
Сепак, 20-годишниот фудбалер започна како стартер во победите против Арсенал и Борнмаут во последната недела.
Интерес има и од други клубови, но се уште не е јасно дали Јунајтед е подготвен да се раздели со играчот, бидејќи неодамна Аморим го пофали за добрата адаптација.