23
Менаџерот на Челси, Енцо Мареска ги отфрли шпекулациите за интерес за крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Алехандро Гарначо.
Италијанецот изјави дека е целосно задоволен од крилните играчи кои моментално ги има на располагање и дека нема потреба од нови играчи на тие позиции.
Медиумите со денови зборуваат за преселба на Гарначо во Челси или Наполи, а Јунајтед е подготвен да го пушти за 60 милиони евра, но една опција веќе пропадна.
„Не, не. Многу пати сум кажал дека сум задоволен од составот што го имам во моментов. На десната страна ги имаме Педро Нето и Нони Мадуек, на левата страна ги имаме Џејдон Санчо, Миша Мудрик, кој не е со нас во моментов и Тајрек Џорџ, кој е млад играч, но може многу да ни помогне во моментот“, изјави Мареска.