Челси не планира да застане: Гарначо наскоро потпишува

од Vladimir Zorba
6 прегледи

Алехандро Гарначо наскоро би можел да облече нов дрес.

Аргентинскиот напаѓач веќе некое време е надвор од составот на Манчестер Јунајтед поради несогласувања со Рубен Аморим, а во наредните денови би можел да потпише за нов клуб.

Гарначо ги договори сите услови со Челси и се чека само уште два клуба да се договорат за обештетувањето.

Аргентинецот има неоспорен талент, но бидејќи целиот тим на Јунајтед беше историски лош минатата сезона, Гарначо не покажа многу. Следеше нервоза, а потоа расправии и несогласувања со тренерот Аморим, а потоа беше јасно дека ќе се случи разделба.

Гарначо имаше други понуди и опции, но од првиот момент сакаше да остане во Премиер лигата и да дојде во Челси. Лондонскиот клуб наскоро би можел да го комплетира трансферот и на Чави Симонс.