Челси објави рекордни загуби

од Vladimir Zorba
201 прегледи

Челси официјално објави рекордни оперативни загуби од 249 милиони фунти, што е за речиси 100 милиони повеќе од минатогодишните финансиски резултати. Најблиску до таков дефицит се Лестер, кој забележа финансиски загуби од 152 милиони фунти. Во меѓувреме, „сините“ го имаат најскапиот тим, проценет на 1,117 милијарди фунти, но и втората најголема сметка за плати од 404 милиони фунти, што ги става не многу зад шампионот Манчестер Сити.

Челси потроши вкупно 745 милиони фунти на нови играчи и заработи 203 милиони фунти од продажби. Лондончани ја платија и најголемата сметка за амортизација на своите играчи, сума од 205 милиони фунти, дел од трансферните исплати распоредени по должината на договорот. Имаат и заем од 428 милиони. Лондончани потрошија импресивни 75 милиони само за хонорари за агенти за трансфери.

Но, сите овие трошоци засега не се оправдани со очекуваниот настап на теренот и се на пат да пропуштат учество на европските турнири втора година по ред. Моментално се на деветтото место во табелата во Премиер лигата.

Слични содржини