Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) го казни лондонски Челси со 25.000 фунти, поради инцидентот на натпреварот од третото коло во Премиер лигата против Ливерпул, објавија денеска локалните медиуми.
Инцидентот се случи во продолжението на првото полувреме, кога судијата Ентони Тејлор го избрка играчот на Челси, Рис Џејмс, поради играње со рака на гол линијата.
Фудбалерите на лондонскиот клуб не се согласија со таа одлука, и продолжија со протестите и по завршувањето на првиот дел.
„Челси е казнет со 25.000 фунти за двојно прекршување на правилата Е20.1, што се случи за време на натпреварот во Премиер лигата против Ливерпул. Клубот призна дека не успеал да се осигура дека нивните играчи се однесуваат во согласност со правилата, во текот на 48. минута на првото полувреме, и по крајот на првото полувреме“, се наведува во одлуката на ФА.
Натпреварот, кој се одигра на 28 август во Ливерпул, заврши со резултат 1:1.
Следниот натпревар во Премиер лигата, Челси го игра в сабота на домашен терен против Астон Вила