Челси потроши 74 милиони евра за двајца млади таленти од Спортинг

од Vladimir Zorba
9 прегледи

Спортинг Лисабон на социјалните мрежи објави дека постигнал договор со Челси за продажба на двајца млади играчи вредни околу 74 милиони евра.

Лондонскиот клуб го комплетираше трансферот на 17-годишното португалско крило Џовани Кенда и 20-годишниот одбранбен играч за врска Дарио Есуга, кој моментално е на позајмица во шпански Лас Палмас.

Есуга, чија вредност се проценува на 22,27 милиони евра, ќе му се приклучи на Челси во летото 2025 година. Од своја страна, Кенда ќе остане во Спортинг уште една година и ќе биде објавен како играч на Челзи во летото 2026 година за сума од 52,14 милиони евра.

Оваа сезона Есуга одигра 19 настапи за Лас Палмас во сите натпреварувања и постигна еден гол. За Спортинг, Кенда има 44 натпревари, два гола и осум асистенции.

Слични содржини