Челси регистрира сериозни финансиски загуби

од Vladimir Zorba
252 прегледи

Компанијата мајка на англискиот елитен клуб Челси – „BlueCo 22“ објави нето загуба од 653 милиони фунти по платени даноци, за периодот од март 2022 до јуни 2023 година. Во меѓувреме, самиот клуб направи загуба од 90,1 милиони фунти пред оданочување, покажаа сметководствените документи.

Конзорциумот „BlueCo 22“, предводен од американскиот Тод Боули и компанијата „Clearlake Capital“, го купи тимот на Челси во 2022 година. А минатата, 2023 година, постигнаа договор и се здобија со контролен пакет во францускиот елитен клуб Стразбур. Но, тоа не е се, бидејќи компанијата и личните советници на Боули, исто така, преговараа за стекнување на неименуван португалски клуб.

Една од ретките добри вести е што загубите на клубот Челси се помали од претходната година кога изнесуваа 121,4 милиони фунти. Клубот, исто така, забележа зголемени приходи од натпревари и комерцијални односи по завршувањето на периодот на санкции наметнати врз нив поради војната на Русија против Украина и, поконкретно, кон поранешниот сопственик Роман Абрамович.

„Челси ги зголеми вкупните приходи на 512,5 милиони фунти, оствари добивка од продажбата на договорените играчи и основни средства од 142,2 милиони фунти. Имаше и приходи од други активности“, се вели во годишниот извештај.

Оваа година забележа севкупен пораст на прометот од 481,3 милиони фунти на 512,5 милиони фунти. Ова ни помага да ги надоместиме оперативните трошоци. Приходите од еден типичен ден на натпревар се зголемија од 69,2 милиони фунти на 76,5 милиони фунти во споредба со претходната година“, додаваат аналитичарите, истакнувајќи дека просечната посетеност на „Стемфорд Бриџ“ се зголемила на 40.002 гледачи.

Не може да не влијае и пласманот на машката екипа, која сепак заврши на разочарувачкото 12. место во Премиер лигата. Овој резултат резултираше со помал дел од приходите од телевизиските преноси на локалниот пазар. Приходите од емитување паднаа за 9,1 милиони фунти на 225,9 милиони фунти во споредба со претходната година.

Изненадувачки или не, касата се наполни и благодарение на тоа што женскиот тим ја освои женската Супер лига и ФА женскиот куп, а истовремено стигна и до финалето на Лига купот. Таму комерцијалните приходи се зголемија за 33 милиони фунти на 210,1 милиони фунти, при што клубот имаше корист од нето зголемувањето на приходот од спонзорството и потпишуваше нови договори за женскиот тим.

Оваа слика не е особено среќна за Боули, но самиот тој искоментирал на оперативното раководство дека сака финансиската состојба полека да се подобрува или барем да не се влошува. 51-годишниот американски бизнисмен е сигурен дека добрите резултати на теренот на првиот тим ќе ја подобрат и целокупната слика во структурите на клубот.

Слични содржини