Челси се откажува од Фофана

од Vladimir Zorba
213 прегледи

Челси се откажа од обидот да го ангажира централниот бек на Лестер, Весли Фофана. Вчера „лисиците“ ја одбија и третата понуда на лондончани за Французинот која беше вредна 70 милиони фунти со бонуси. Тие бараат 85 милиони за дефанзивецот, но Челси нема намера да ги зголеми своите понуди и да стигне до таа сума.

Понудата која вчера беше одбиена беше последна што „сините“ ја дадоа во летниот преоден рок за овој играч. Поради оваа причина, од „Стемфорд Бриџ“ се свртуваат кон алтернативни цели.

Во последните денови се зборуваше дека Челси би можел да се обиде да го ангажира капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер. Според Фабрицио Романо, сепак, такви разговори воопшто не се воделе меѓу двата клуба и англискиот интернационалец, кој и понатаму е најскапиот дефанзивец во светот, ќе се бори за своето место во тимот на Ерик тен Хаг.

Се вели дека е опција и Адам Вебстер од Брајтон.

Слични содржини