Раководството на Челси е заинтересирано за главниот тренер на Спортинг (Лисабон) – Рубен Аморим, но се уште не планира разделба со неговиот сегашен менаџер Маурисио Покетино, кој дојде во клубот едвај минатото лето, пренесува британското издание „Дејли Меил“.
Според изворот, доколку се влошат резултатите на „сините“, позицијата на газдите на „сините“ ќе се промени. Во овој случај, лондонскиот клуб ќе биде подготвен да се сврти кон Аморим.
Претходно беше објавено дека Аморим е опција и за тимот на Ливерпул, кој по крајот на сезоната ќе остане без легендарниот Јирген Клоп.
Аморим го презеде Спортинг (Лисабон) во март 2020 година и под негово водство клубот ја освои Лигата на Португалија (2020/2021), двапати го крена Купот на Португалија (2021 и 2022 година) и триумфираше еднаш во португалскиот Суперкуп (2021).