Претставниците на Челси се сретнале со агентот на Калиду Кулибали, објави Џанлука Ди Марцио. Централниот дефанзивец на Наполи беше идентификуван од лондончани како алтернатива на Матијс де Лихт, кој беше цел број 1 на Томас Тухел за одбраната, но од денес се чини дека неговиот потпис нема да се случи бидејќи Холанѓанецот се залага за преселба во Баерн Минхен.
Челси треба да доведе двајца централни бекови кои ќе ги заменат Антонио Рудигер и Андреас Кристенсен. Еден од нив најверојатно ќе биде Нејтан Аке од Манчестер Сити, кој веќе ги договорил личните услови со „сините“. Во напредна фаза се и преговорите меѓу двата клуба.
Нов приоритет на Челси е Калиду Кулибали. Сенегалецот е трансфер цел и на Јувентус од каде планираат да го заменат Де Лихт доколку Холанѓанецот си замине. Наполи веќе доставил понуда до Кулибали за нов договор, а до сегашниот договор остануваат неполни 12 месеци.
Доколку дефанзивецот одбие повторно да потпише, како што изгледа засега, неговиот клуб ќе прифати понуда од околу 40 милиони евра.