Челниците на АзГ ветија дека ќе се борат против „инвазијата странци“

од desk2
118 прегледи

Челниците на германската ултрадесничарска националистичка партија Алтернатива за Греманија (АзГ) ветија дека ќе се борат против „инвазијата странци“ на таа земја, откако по прв пат освоија парламентарни места.


„ние сакаме друга политика“, рече сопретседателот Александер Гауланд, по историскиот успех на оваа партија, јави BBC.
Меѓутоа, на површина избија разминувањата меѓу челниците на АзГ по прашањето по кој правец ќе се движи партијата.
Кампањата на АзГ својот успех му го должи на бесот против одлуката на канцеларката Ангела Меркел во 2015 година да ги отвори границите на недокументираните мигранти и бегалци, повеќето од Блискиот Исток.

Успехот на АзГ ја шокира германската политика и предизвика низа протести во повеќе градови против оваа антиисламска партија.

„Милион луѓе, странци, доведени во оваа земја одземаат дел од земјата, а ние како АзГ не го сакаме тоа. Ние велиме дека не сакаме да ја изгубиме Германија во инвазијата странци со поинаква култура“, додаде Гауланд на прес-конференција.