Челзи го напиша своето име во европската историја: Првиот тим што освои сè и ја освои Лигата на Конференции со спектакуларен пресврт!

од Марта Пешевска
20 прегледи

Челзи испиша историја со освојувањето на Лигата на Конференции, победувајќи го Бетис со 4:1 во финалето во Вроцлав. Со ова, „сините“ станаа првиот клуб во Европа што има освоено трофеи во сите четири главни европски натпреварувања – Лигата на шампионите, Лигата на Европа, Купот на куповите и Лигата на Конференции.

Бетис поведе рано преку Езалзули во 9. минута, но Челзи во второто полувреме доминираше и направи целосен пресврт. Фернандес донесе израмнување во 65. минута, Џексон го однесе тимот до водство, а Санчо и Каиседо со головите во финишот ставија точка на убедливата победа.

Ова е седмиот европски пехар во богатата историја на Челзи, додека Бетис претрпе пораз во своето прво европско финале.

Слични содржини