ЧЕЛСИ нема да остане долго време без главен тренер. Два дена откако, како последица на шокантниот пораз од Динамо Загреб, новите челници на лондонскиот клуб му врачија отказ на Томас Тухел, се речиси пред договор со Грем Потер.
Се споменуваа и позвучни имиња како Зинедин Зидан, Брендан Роџерс и Маурисио Покетино, но веднаш беше јасно дека тренерот на Брајтов е најреалната опција.
Според извори од Островот, новиот сопственик на галебите, Тод Боел, ја искористил клаузулата во договорот на Потер со Брајтон за висината на обештетувањето (17 милиони фунти), по што „Галебите“ морале да му дозволат да стапи во преговори со Челзи.
Graham Potter will be appointed as new Chelsea manager, as expected. Agreement in place, contracts now being prepared as proposal has been accepted. Here we go. 🚨🔵 #CFC
Chelsea will complete the agreement with Brighton in the next hours. pic.twitter.com/cY7V5vdZy8
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) September 8, 2022
Се очекува поранешниот менаџер на Свонси и Остерсундс навреме да ги заврши сите документи. Се уште нема официјална потврда, но се очекува Потер да го води клубот на градското дерби против Фулам.
Интересно е што на тој натпревар за Фулам би можел да дебитира поранешниот играч на Челзи, Вилијан.
Челзи е шести во поредокот во Премиер лигата, со пет бода помалку од водечкиот Арсенал.