Челзи го трпи Конте поради компензација од 30 милиони евра

од Vladimir Zorba
139 прегледи

Сопственикот на англискиот шампион Челзи – Роман Абрамович, уште не го отпуштил менаџерот Антонио Конте поради огромната компензација што треба да му се исплати.

Италијанскиот специјалист има договор со тимот од Лондон до 2021 година со плата од 10 милиони евра за сезона. Тоа значи дека предвременото раскинување на договорот без негова согласност, ќе излезе 30 милиони евра на клубот од „Стемфорд Бриџ“.

Иднината на Конте е неизвесна поради двата последователни порази со 0: 3 од Борнемут дома и со 1: 4, како гостин на Ватфорд. Во моментов Челзи се наоѓа на 4-то место на табелата во Премиер лигата и веќе води здрава битка со Ливерпул, Тотенхем и Арсенал за зона „Лигата на Шампиони“.

Луис Енрике, кој е без работа од летото, е фаворит за заменик на Конте.

Слични содржини