Челзи ќе го „паркира автобусот“ против Барса на „Камп Ноу“

од Vladimir Zorba
152 прегледи

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте се надева дека тимот од Лондон ќе играат максимално концентрирани и да не примат гол во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Барселона на „Камп Ноу“ во среда.

Првата средба на „Стемфорд Бриџ“ заврши 1:1, а Англичаните имаат потреба од најмалку гол, за да имаат шанси да го елиминираат противникот.

„Мораме да покажеме максимална флексибилност. Не очекува сосема поинаков дуел во споредба со првиот. Ќе мора да се спротивставиме на еден од најсилните тимови во светот како гостин. Треба да бидеме крајно внимателни и концентрирани па дури и на најмалите детали, како во првиот дуел, кој го одигравме на највисоко ниво“.

„Ако не дозволиме гол во реваншот, тоа би било идеално. Нема да биде лесно, го знаеме тоа, но мора да се најде соодветно решение. Понекогаш е најдобро да се разговара за стратегијата пред претстојниот важен натпревар со самите фудбалери“, изјави Конте.

Слични содржини