Челзи на пенали подобар од Лион (видео)

од desk4

  Без помошта на голманот Тибо Куртоа, премиерлигашот Челзи синоќа на свој терен го победи Олимпик Лион со 5:4 на пенали.

Средбата на „Стемфорд Бриџ“ во Лондон заврши без голови (0:0), а победата на сините ја донесе искусниот чувар на мрежа Роберт Грин кој го одбрани пеналот на Папе Диоп во петтата серија.

Претходно, и другите две средби што Челзи ги одигра во Меѓународниот шампионски куп беа решени на пенали. Совладан беше Интер, а пораз доживеа од Арсенал.

Слични содржини