Челзи официјален продаден, заврши ерата на Абрамович

од Nikola Popovski
330 прегледи

Конзорциумот предводен од косопственикот на Лос Анџелес Доџерс, Тод Боли, го заврши купувањето на англискиот фудбалски клуб Челзи за 2,5 милијарди фунти.

Ова го означува крајот на трофејниот 19-годишен мандат на Роман Абрамович на чело на клубот.

Абрамович, руски олигарх, беше принуден да го продаде клубот откако британската влада воведе санкции против него поради неговите блиски врски со рускиот претседател Владимир Путин.

„Почестени сме што станавме новите чувари на фудбалскиот клуб Челзи“, рече Боли.

„Многумина ја опишаа трансакцијата како „без преседан“ и беше. Ваквата трансакција обично трае од девет месеци до една година. Ние успеавме да ја завршиме за помалку од три месеци“, изјавија од Челзи.

Челзи освои 21 трофеј за време на мандатот на Абрамович, вклучувајќи два трофеи во Лигата на шампионите во 2012 и 2021 година.

 

Слични содржини