239
Челзи се вклучува во борбата за централниот дефанзивец на Тотенхем, Тоби Алдерверелд. Белгискиот репрезентативец сé уште не го обновил договорот со „петлите“ поради неговите високи финансиски барања.
29-годишниот дефанзивец има договор со Тотенхем за уште две сезони, но сака 150.000 фунти неделно. Според „Мирор“, Челзи ќе се обиде да ја искористи ситуацијата и да се обиде да го преземе Алдерверелд. „Сините“ сакаат централна двојка со Белгиецот и 21-годишниот Андреас Кристенсен.
Алдерверелд има клаузула за откуп во неговиот договор, а за „сините“, нема да има проблеми да платат до 44 милиони фунти за него.
Интерес за репрезентативецот на Белгија пројавуваат уште од ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Барселона.