Иако вложија многу во овој преоден рок во Челзи, се уште не се завршени со „шопингот“, бидејќи според најавите, дури сега се подготвува главната зделка. „Сините“ се насочени кон дефанзивецот на Лестер, Весли Фофана, кој може да биде нов рекордер кога се во прашање најскапите дефанзивци.
Челзи веќе донесе еден дефанзивец. Тоа е Калиду Кулибали, а чиј трансфер ги чинеше лондонските „Сини“ 40 милиони евра.
Таа цена сега изгледа како безначајна, бидејќи Лестер категорично ја отфрли двојно поголемата сума за Фофана. Сепак, Челзи е упорен и го сака францускиот стопер.
Наводно, Лестер би се задоволил со сума од 90 милиони евра, што би претставувало нов трансфер рекорд. Моментално тој го држи Хари Мегваер, кој пред две сезони се пресели од Лестер во Манчестер Јунајтед за 87 милиони евра.
Можеме само да замислиме како се чувствува Аурелио де Лаурентис кога ќе види колку го продаде својот елитен дефанзивец од Наполи, а за колку би можел Лестер.