Челзи понудил 12 милиони за Единсон Кавани

од Aleksandar Petrovski
279 прегледи

Челзи упатил конкретна понуда за изнајмување на напаѓачот на Пари Сен Жермен, Единсон Кавани. 32-годишниот напаѓач, кој има договор кој истекува на крајот на оваа сезона, побарал дозвола за трансфер од „Парк де Пренс“.

Манчестер јунајтед, Атлетико Мадрид и Челзи се клубови кои имаат силен интерес за репрезентативецот на Уругвај, кој е рекордер по бројот на голови за францускиот шампион.

Според „Тајмс“, клубот од Западен Лондон му понудил на Кавани 360.000 фунти неделно до крајот на сезоната, и одделно пет милиони за изнајмувањето на ПСЖ.

Парижаните го ценат својот напаѓач на 23 милиони фунти, и покрај ситуацијата со неговиот договор. Трансферот во Јужноамериканец се очекува да ја „отвори вратата“ на Оливие Жиру и тој да си замине од „Стемфорд Бриџ“.

Слични содржини