Играчот од средниот ред на Борусија Менхенгладбах, Торган Азар е трансфер цел за голем број клубови и нема да остане во Бундеслигата следната сезона. Белгиецот е во одлична форма има 7 гола и 7 асистенции во тековната кампања. Тој може да се врати во Челзи и да се сретне со својот брат Еден Азар, а другите главни претенденти за неговиот потпис се Лестер и Атлетико Мадрид.
Азар беше во сопственост на Челзи помеѓу 2012 и 2015 година, но не забележа ниту еден официјален натпревар. Од Стемфорд Бриџ имаат опција да го откупат и е сосема можно да ја активираат. Борусија ќе сакаат 20 до 30 милиони долари за талентираниот играч од средниот ред, а неговата цена може да се зголеми ако се презентира добро на Светското првенство 2018 година.
„Премиер лигата е привлечна дестинација, но кога зборувам со фудбалери кои играат таму, тие се изразуваат многу добро и за Бундеслигата. Во Германија стадионите се модерни, а атмосферата на нив е жешка“, коментира Азар.
Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне исто ја следи ситуацијата околу Белгиецот и може да упати понуда во текот на летото.