Челси вчера подобри многу лош рекорд бидејќи успеа да го загуби финалето на Карабао купот со 0-1 од Ливерпул.
„Сините“ имаа многу добри шанси, но ги пропуштија и на тој начин беа поразени во 6-то последователно финале на домашна сцена.
Непријатната серија започна во 2019 година, кога, исто така, во Лига купот, лондончани загубија од Сити на пенали, а ова беше мечот во кој голманот Кепа Аризабалага одби да биде заменет.
Во 2020 година, тимот доживеа пораз од Арсенал во ФА Купот со 1:2, иако поведе во 5. минута, а истото се случи следната година – пораз од Лестер со 0:1.
Во 2022 година, Челси успеа да ги загуби двете домашни финалиња од Ливерпул на пенали. Прво тие изгубија со 10-11 во Лига купот на пенали, а потоа повторно паднаа со 5-6 од Црвените во ФА Купот, само 2 недели пред да успеат да ја освојат Лигата на шампионите.
Со поразот вчера, загубите во домашните финалиња станаа 6 по ред, во кои тимот постигна само 1 гол и отстапи во последните 3 финалиња против екипата од „Енфилд“.