Чендлер од „Пријатели“ ги загрижи обожавателите: „Срцето ми се скрши кога го видов“

од Vladimir Zorba

Фановите се загрижени за актерот Метју Пери по интервјуто за списанието „Пипл“. Зборувал нејасно и често гледал во празно.

Под видеото интервју, кое беше објавено на Јутјуб, имаше низа коментари за Пери, кој го играше Чендлер во Пријатели.

„Се надевам дека Метју е добро, затоа што не изгледа најдобро. Многу тажно“, „Барем луѓето се љубезни кон човекот кој се бори со зависноста повеќе од 20 години“, „Физички ме боли што Метју изгледа вака“, „„ Срцето ми се скрши кога го видов, се надевам дека ќе биде подобро“, се само дел од коментарите на Јутјуб.

Да потсетиме, актерот имаше проблеми со алкохол и дрога. Тој еднаш за Би-Би-Си Радио 2 изјави дека делумно не се сеќава дека ги снимал „Пријатели“.

„Не се сеќавам на три години. Таму некаде помеѓу третата и шестата сезона. Бев малку надвор од тоа“, рече тој.

Слични содржини